Хрватскиот ракометар Лука Циндриќ, го напушти кампот на „коцкестите“ на Светското првенство во Египет. Тој почувствува болки во адукторот и препоните по дуелот со Јапонија и си замина од Каиро. Меѓутоа, поранешниот играш на македонскиот шампион Вардар, не го кажал последниот збор на Мундијалот. Средниот бек наводно би можел да се врати во конкуренција за завршницата на Светското првенство.

  • Заминав дома за да направам тоа што беше потребно за ваков вид повреда. Тоа беше одлука со која едноставно морав да се соочам. Постои можност да се вратам на Мундијалот. Тоа ќе се случи ако сè биде во ред со повредата. Се надевам дека тоа ќе се случи, бидејќи сакам да им помогнам на момците. Ако бидам здрав, веднаш се ставам на располагање, потврди 27-годишниот ракометар.