Хрватскиот ракометен интернационалец Лука Циндриќ во следниот период ќе го комплетира трансферот од Киелце во Барселона. Тој јасно им порачал на челниците на Киелце дека не планира да остане во тимот. Полскиот клуб се соочува со финансиски проблеми, па ќе го искористи договорот со Циндриќ за добро да ја наплати неговата преселба во каталонската престолнина.

-Преговорите траат подолго, но мислам дека наскоро ќе се договориме. Циндриќ ни кажа дека не сака да остане и ние ќе го почитуваме неговиот став. Секако, тој е под договор со нас, но јас секогаш сум велел дека играчите не се робови на клубот и ако сакаат да си заминат, тоа треба да си заминат, изјави првиот човек на полскиот шампион, Бертус Сервас.

Хрватот поради повреда пропушти голем дел од сезонава, но се врати во вистински момент и беше еден од најзаслужните што Киелце приреди сензација во четвртфиналето од Лигата на шампионите, елиминирајќи го големиот фаворит ПСЖ.