Кафето содржи полифеноли и други соединенија кои можат да го забрзаат метаболизмот, да го зголемат нивото на енергија и да ви помогнат да загубите дел од несаканите килограми.

Иако ефектите се минимални (не очекувате една или две шолји кафе да стори сé), овој пијалок е богат со антиоксиданти кои можат да му помогнат на вашето тело побрзо да согорува маснотии.

Една од магичните состојки што се наоѓа во кафето е кофеинот. Секако, премногу кофеин може да предизвика голем проблем со нервниот систем и да предизвика несоница, но чаша или две кафе (по можност наутро) може да го засили метаболизмот.

Но, ако на кафето додадете многу млеко или шеќер, омилениот пијалок нема да го има посакуваниот ефект.

Според истражувањето на Универзитетот во Мичиген, активното соединение цинамалдехид кое се наоѓа во цимет може да помогне во согорувањето на маснотиите.

„Со додавање на циметот се придвижуваат клетките во метаболичкиот процес. Топлинатата му помага поефикасно да ги согорува липидите во масните клетки. Резултатите, според истражувачите, ги потврдиле претходните истражувања кои покажуваат дека цинамалдехидот има позитивен ефект против дебелината”.


Слободно додадете лажица цимет во омилениот пијалок и забрзајте го метаболизмот.