Цивили на воена обука во Русија, меѓу нив и деца

77

Фотографиите направени пред неколку дена во Русија покажуваат цивили – мажи, жени и деца – кои учествуваат во основната воена обука.

Фотографиите се направени во „спортско-патриотскиот“ клуб Јарополк во Красногорск, недалеку од Москва.

На фотографиите се прикажани цивили кои учат да користат пушки, носат луѓе и контролираат други луѓе кои лежат на земја. Инструкторите кои ги учат носат униформи и ознаки на руската армија.