Цеца ќе стане млада баба!

232

Светлана Цеца Ражнатовиќ е пресреќна затоа што дозна дека ќе стане баба. И тоа млада баба! Нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ и неговата идна сопруга Богдана очекуваат дете.
„Среќна сум“, најпрво кусо изјавила популарната фолкерка, со што потврди дека ќе стане баба.
Свршеницата на Вељко е бремена веќе два месеци. Тие веднаш ѝ се јавиле на пејачката откако дознале дека ќе бидат родители, за да ѝ ја соопштат радосната вест.
„Пресреќна сум, ова е многу убава вест за моето семејство. Се радувам, Не верував кога ми соопшти Вељко, а потоа сите емоции се измешаа. Не умеам да го опишам чувството, сè уште сум во еуфорија. Снаата ќе ја чувам и галам како да ми е ќерка, а уште повеќе за новиот член да ни стигне во веселба и радост“, напишала веселата Цеца на Инстаграм.