Цеца Ражнатовиќ забранета во Албанија – имала антиалбански изјави против Косово!

133

Медиумите јавуваат дека Албанската агенција за аудиовизуелни медиуми (АМА), го предупреди албанскиот јавен радиотелевизиски сервис РТШ поради емитување песни од српската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца, инаку сопруга на покојниот Жељко Ражњатовиќ – Аркан. До забраната дојде по жалбите откако во програма наменета за малцинствата бил емитуван спот од оваа мега популарна пејачка. Ваквата одлука е поради тоа, како што се наведува во забраната дека “Цеца во неколку обиди имала антиалбански изјави против Косово“. Во соопштението на албанската агенција, Ражнатовиќ е опишана како „проблематична пејачка“, која со своите постари песни и изјави ги инспирирала злосторствата на својот сопруг Жељко Ражњатовиќ – Аркан.