Централното претседателство на Алтернатива го овласти Гаши да разговара за влез во Владата

62

Алтернатива како сериозна политичка партија која отсекогаш знаела да се издигне над сопствените изнтереси вечерва разговараше за можноста и помошта за откочување на ситуацијата во земјава. Вкупниот заклчучок на Централното претседателство беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани по седницата што се одржа во партијата.

Централното претседателство, како што информира, го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

– Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за излез од кризата, дали има волја за заедничка владина програма, и дали актуелните владини партнери имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта. Отсега се зависи од рагзоворите и од тоа што ќе се договори, рече Муртезани.

Потоа, како што додаде, конечната одлука за влез во Влада ќе ја донесе Централното Собрание на Алтернатива.