Централната лабораторија за животна средина ја прошири акредитацијата со 5 нови методи

25

Централната лабораторија за животна средина ја прошири акредитацијата со 5 нови методи.

– Новодобиените акредитации опфаќаат тестирање на отпадни води за количеството на амониум јони, сулфати, хлорид, вкупен фосфор и фосфати. Со тоа бројот на кредитираните методи се зголеми на 12 методи, што главно се однесуваат на отпадните води, а еден е за мерење на бучава – информираат од Министерството за животна средина.

Во однос на методите за квалитет на воздухот, од Централната лабораторија информираат дека веќе е набавен инструментот „хориба“ за мерење на емисии на гасови од стационирани извори, а во тек е процедура за екипирање и обучување на кадар за ракување со инструментот, по што ќе се пристапи кон акредитирање и на методи за емисија на гасови од стационирани извори.