Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка

26

Како што информираат од Централниот регистар, крајниот рок во хартиена форма ќе биде до 10 март годинава, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25 март до 24 часот.

-Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот, како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95 отсто годишни сметки, се вели во соопштението од Централниот регистар.

Оттаму појаснуваат дека одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.