Центарци рециклирале 300.000 амбалажи во вендинг машините, караванот „Green Hour“ продолжува

81

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ информираше дека веќе се приближуваат до бројката од 300.000 рециклирани амбалажи, со помош на вендинг машините.

-Проектот на ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар, „Центар рециклира“ веќе започна да ги дава резултатите и граѓаните сè повеќе ги користат вендинг машините, поставени на 27 локации низ целата општина – истакна Богдановиќ и ги повика центарци да рециклираат за еколошка, почиста и поздрава општина.

Инаку, караванот „Green Hour“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар продолжи во текот на денешниот ден, откако беше направена кратка пауза поради лошите временски услови.

-Во наредните три дена, на пултовите кај ЕПМ, Дом на градежници и ТЦ „Буњаковец“, жителите на Центар ќе имаат можност да аплицираат за Green Pay картичка во своето маало, да се информираат за поволностите кои ги нуди и да добијат подарок од рециклирани материјали – истакнаа од ЈП ПОЦ.