По убедливиот триумф на МЗТ Скопје над Ловќен со 96:55, и кошаркарите на Работнички славеа со висока разлика над црногорска Сутјеска со 84:62.

Клучен фактор за победата беше одличниот шут кај тимот од „Градски парк“ со прецизност од речиси 60 отсто.

Најефикасен кај македонскиот претставник беше Филип Бундовиќ со 18 поени, еден помалку постигна Мирко Мулалиќ, додека на спротивната страна Радисав Спасојевиќ запиша 14 коша.

Ова е трета победа за Работнички во АБА2 лигата по девет одиграни со која ги задржа шансите за пласман меѓу осумте најдобри.

Во следното коло Работнички ќе ги одмери силите против Широки Бријег, меч кој ќе се одигра во недела.