Центарските училишта подготвени за новата учебна година

238

Учениците во осумте основни училишта во општина Центар и нивните родители се подготвени за евентуалниот почеток на наставата и во потполност ќе се придржуваат до препораките за начинот на одвивање на наставата, онака како што ќе бидат определени од надлежните институции.

– До носењето на конечната одлука, секој јавно изнесен став во врска со евентуалниот почеток и текот на наставата е личен став, а Општина Центар како и досега, така и отсега ќе постапува во согласност со законите и правилата во државата – вели градоначалникот на општина Центар, Саша богдановиќ.