Центарот на Скопје блокиран поради пријава за бомба во МНТ/фото

267

Блокирани сите патишта кои водат до Македонскиот народен театар поради пријава за поставен екплозив. Полицијата се наоѓа на лице место, засега нема информации дали пријавата е лажна.

Полицијата се наоѓа на лице место, засега нема информации дали пријавата е лажна.

Луѓето што имаат паркирани возила во близина немаат пристап до нив.

Специјални единици доцна попладнево ги евакуирале зградите на Македонска опера и балет, Филхармонија, како и средното музичко училиште „Илија Николовски – ЛУЈ“.

Граѓани јавуваат дека практично биле избркани со децата од музичкото училиште, едвај успеале да додат до јакните. На сите им е кажано да одат од другата страна на Вардар.