Центарот за култура Крива Паланка опремен со нови компјутери и печатари

42

Со инвестициски проект поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, извршена е набавка на нова компјутерска опрема за потребите на Националната установа Центар за култура Крива Паланка во вредност од 170 илјади денари.

– Набавката е во вредност од околу 170.000 денари и претставува еден од двата инвестициски проекти кои периодов се реализираат во нашата установа. Ќе направиме замена на старите и дотраени компјутери и печатари, набавени се два десктоп и четири лаптоп компјутери, два мултифункционални печатари и четири ласерски, со што очекувам да се олесни работата во центарот, да се зголеми квалитетот на целокупната административна и канцелариска работа, но и да се намали времето за извршување на работата и трошоците по основ на одредени работи коишто поради недостиг од адекватна опрема- изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

Опремата е обезбедена на јавна набавка, a со набавката на мултифункционалните печатари ќе се намалат трошоците за фотокопирање и печатење плакати и лифлети за потребите за реализација на годишната програма на установата.

– Особено сум задоволна што оваа година во која славиме педесет годишен јубилеј на Центарот за култура, околу 4.3 милиони денари ќе бидат вложени во инвестициски проекти, покрај за опремата, преку локалната самоуправа ќе се врши реконструкција и опремување на кино салата во нашата институција. Упатувам благодарност до Министерството за култура што годинава за одобрени проекти за реализација на годишната програма од сите дејности: фолклорна, драмска, библиотечна, музичко-сценска и ликовна дејност ни одобри сума од безмалку еден милион денари. Оваа сума е неколкукратно повисока споредено со 2019 година-истакна Ѓоргиевска.

Програмските активности предвидени за тековната година ќе се реализираат во најголем процент во текот на летните месеци со поголем број активности на отворено.