Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци

78

Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра.

Цените на природниот гас драматично се зголемија во текот на минатата година поради руската инвазија врз Украина. Цените достигнаа и повеќе од 300 евра, по долг период кога цените се движеа околу 20 евра за MWh.

Русија отвори кривична постапка против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд

Меѓутоа, во последните месеци цената на природниот гас значително падна. Една од причините за падот е тоа што складиштата за гас се полни, а времето е потопло од вообичаеното.

Сегашниот страв од потенцијална банкарска криза веројатно ќе ги намали цените, бидејќи финансиските кризи генерално имаат негативно влијание врз економијата, што резултира со помала побарувачка за енергија.