Цензорите во Северна Кореја ги подржаа книгите „Хари Потер“

88

Власта на Северна Кореја прифати книгите за Хари Потер на авторката Џоана К. Ролинг, и тоа по 23 години од објавувањето на првото книжевно дело.

Државата Северна Кореја им е позната на сите во светот по строгата контрола и цензура, особено за тоа која литературата граѓаните можат да ја читаат.

Но, сега, цензорите во Северна Кореја ги подржаа романите Хари Потер на светски познатата авторка Џоана К. Ролинг.

Пред објавувањето, книгите во Северна Кореја мораат да поминат низ контролата на Сојузот на писатели, а потребна е и поддршка од Работничката партија на Кореја.

Сепак, сите елементи и на оваа процедура, неодамна изнесоа позитивен став кон серијата седум книги на авторката Ролинг.

Во образложението меѓу останатото се наведува „Хари Потер ја поддржува идејата дека децата треба да напредуваат во согласност со своите сопствени сили и способности.

Севернокорејскиот режим на чело со врховниот водач Ким Џонг Ун има силен систем на регулација кога е во прашање меѓународна содржина и забранува странски забавни содржини, како филмови и музика.

Сепак, најбогатите граѓани од тамошната комунистичка „елита“, тајно пристапуваат до материјали кои ги интересираат, најчесто преку криумчарени уесбеа.

Извор:www.dailymail.co.uk