Цената на нафтата се стабилизира, додека обемот на тргување се намалува

29

Нафтата се стабилизира бидејќи инвеститорите ги одмеруваат мешаните сигнали за побарувачка, додека обемот на тргување се намалува, како што се движиме кон празничната сезона.

Фјучерсите во Њујорк се тргуваа до 71 долар за барел, откако во вторникот пораснаа заедно со другите финансиски средства. Енергетската криза во Европа и извештајот од индустријата кој укажува на падот на залихите на сурова нафта во Соединетите држави, го зголемија расположението за нафта. Сепак, стравувањата од „омикрон“ продолжуваат да тежат на пазарот, иако досега тој немаше големо влијание врз потрошувачката.