Цената на месото ќе се зголеми, најавуваат од месната индустрија!

212

Претседател на Групацијата на производители и преработувачи на месо при Стопанската комора на Македонија, Гоце Трајчев, на гостувањето во емисјата „24 Анализа“ на ТВ24 најави покачување на цената на месото.

Според него, како групација биле спремни за покачувањето на цената на месото кое почнало од втората половина на минатата година и уште трае.

“Цената никогаш не се движела во надолна линија. Килограм замрзнат пилешки стек во јуни беше 120 денари, а сега е 190, а новите најави се дека ќе биде 200 денари, информира Трајчев во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Тој изјави дека уште минатата година укажувале на овие состојби до надлежните и до Министерството за економија, но тогаш биле критикувани дека неосновано создаваат паника за инфлаторни ефекти.

„Најавувавме уште минатата година дека ќе има покачување за 30-40%. Зошто се тргна со оваа мерка, кога на ниво на Стопанска комора и надлежните институции ни беше кажано дека таква мерка не се планира, а потоа видовме дека се спроведува. Ситуацијата е сериозна, особено со цената на струјата, но таа не е единствена, велиТрајчев.

Тој се осврнува на владината мерка за замзрзнување на цената на основните производи, меѓу кои е и месото.

„Под такви услови ние имаме социјален мир, но до кога? Фирмите не беа подготвени ни за два-три месеци, а подолго нема да издржат. Кај нас се е замрзнато во поглед на цените, а немаме поддршка за цената на струјата“, додаде Трајчев.