Цената на златото „дивее“ – блиску до историскиот максимум

61

Цената на златото во моментов е блиску до највисокото ниво на сите времиња бидејќи моментално се продава по 1.980 долари за унца (во август 2020 година, цената беше 1.985 долари). Јакнењето на вредноста на златото доаѓа во време кога банкарскиот сектор е под притисок.

Трендот на инвестирање во злато постојано се зголемува. Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека од 2000 година до денес тој тренд се зголемувал за 12 проценти годишно.

Златото обично постигнува повисоки вредности за време на рецесии, економски кризи и политичка нестабилност. Така, поради втората најголема банкарска криза во историјата на САД, овојпат цената на златото се зголеми за повеќе од 100 долари.