Ракометарките на Будуќност ги прекинаа подготовките во Колашин за новата сезона, по само шест дена, откако е утврдено дека една ракометарка е позитивна на Ковид-91.

Челниците на клубот потврдија дека една ракометарка е позитивна, но не сакаа да го соопштат нејзиното име. Поради тоа целиот тим ќе мора да биде во изолација во следните три недели.

Коронавирусот во Црна Гора е во сериозен „замав“ изминативе денови поради што голем број спортски колективи од земјата ги прекинаа подготовките за новата сезона.