Цел стадион со него ја пееше Марселезата, а тој сакаше да го остави тенисот

322

Францускиот тениски ветеран Лука Пуј (29) ја оствари една од најважните и емотивните победи во кариерата. Со триумф против Австриецот Јуриј Родионов 6:2, 6:4, 6:3 се пласираше во второто коло на грен-слем турнирот во Париз, каде што го започна учеството во првото коло од квалификациите. По триумфот на теренот „бр.14“, Пуј ја повика публиката заедно да ја пее француската химна Марселеза.

Пуј минатата година се бореше со тешка форма на депресија и беше блиску до откажување од кариерата. Поранешниот десетти светски тенисер имаше проблем и со алкохолот, а по победата против Родионов се ослободи од сето тоа. И плачеше.

Последен пат играше на грен-слем турнирите минатата година, исто така на Ролан Гарос, кога беше повикан да игра во првото коло и веднаш загуби.

„Почнав да ја гледам потемната страна и паднав во депресија што ме доведе до точка кога после Ролан Гарос спиев само еден час во текот на ноќта и само се опијанував“, рече тој.

„Ми беше невозможно да ги затворам очите. Бев сам со Феликс, мојот тренер во тоа време. Одев во собата и гледав во таванот. Ќе влезев во ужасна работа. Моите очи „ќе експлодираа“ Секое утро Феликс прашуваше: „Не спиеш? Го излажав, му реков: „Да, да, имам алергија на тепих, полен, трева… Го излажав. Се заклучив, никому не кажав… Беше лоша фаза, а потоа јас решив да кажам „Доста е“. Во спротивно, ќе завршев во „лудница“ во Сент Етјен. За моето ментално здравје морав да престанам“

Не така одамна, во 2016 година, Пуј беше прогласен за играч кој најмногу напредуваше, а во текот на целата кариера не криеше дека идол му беше Роже Федерер со кој повремено тренираше во Дубаи. Следната недела во 2. коло на Ролан Гарос ќе игра против сонародникот Беон Пер или против 14. носител, Британецот Камерун Нори.