Светскиот шампион во бокс во супертешка категорија Британецот, Тајсон Фјури секогаш се гордеел со своето потекло и фактот дека потекнува од семејство кое е „живеело на тркала“, односно постојано се селеле од едно во друго место. Заради неговите ромски корени го викаат „Кралот на циганите“, а војавноста сеогаш бил мета само заради смоето ромско потекло.

-Страдав од разни злосторства и навреди во текот на целиот мој живот, дури и сега се уште ме нарекуваат со погрдни имиња. Трчам по патот, а луѓето викаат Ти проклет „pikey“ (погрден жарконски збор за роми) и потоа само бегаат, изјави Фјури за британските медиуми.

-Но  мене не ме допира тоа, воопшто не ми е гајле. Тоа е само живот. Ме навредуваат цел живот без престан. Секогаш ме навредувале и засекогаш ќе ме навредуваат. Но мотиката и камењата можат да ги скршат само овие коски, но зборивите и погрдните имиња со кои ме нарекуваат никош нема дам ожат да ми направат ништо, додаде Британецот.

Фјури имаше многу добар одговор и на прашањето зошто не ја искористи својата популарност и да го подигне гласот во борба против расизмот.

-Постои само една раса и тоа е човечката раса! Јас секогаш ќе станам и ќе ја заштитам човечката раса, заврши Британецот.