Жителите на Талеква, во американската држава Оклахома се намачија да го фатат прасето кое побегнало од домот во кое го чувале како милениче. „Малиот дебелко“ Маршал од видот „виетнамска мала свиња“, предизвика вистински хаос во градот, а успева да им побегне на сите кои ќе му се приближат.

Сепак, по неколкучасовна бркотница, Маршал се замори и вратен е неповреден во својот дом.