Најкорисниот играч од последното Европско првенство, Хрватот Домагој Дувњак, им се врати на обврските во својот клуб Кил, само неколку дена по освојувањето на сребрениот медал. Но, интересно е тоа што го одигра најдобриот континентален собир во својата кариера.

Најдобриот ракометар во светот за 2013 година во интервју за хрватската државна телевизија откри неколку интересни детали од настапот на Европското првенство.

  • Моите чувства се измешани, направивме голем резултат и успех, но останува жалење што не успеавме да победиме во финалето. Бевме многу близу, но за жал не успеавме, но сепак тоа што го направивме е многу голем успех. Бевме тажни после финалето, а потоа дојдовме на аеродромот и таму нè пречекаа 300 – 400 луѓе и тоа нè развесели. Другиот ден имавме пречек на плоштадот, кога ќе погледнеш толку многу луѓе на толку лошо време се забораваш, односно жалењето за поразот во финалето исчезна, изјави Дувњак.

Тој истакна и дека бил предодреден да игра ракомет, бидејќи целото негово семејство е поврзано со овој спорт.

  • Најверојатно бев предодреден за ракометот. Татко ми беше тренер на РК Џаково, подоцна во Осиек. Тргнав со него на тренинг кога бев дете од здодевност и едноставно се заљубив во овој спорт, изјави играчот на Кил и откри какви ритуали има пред натпревар: „Имам многу. Во соблекувалната, пред да излезам на терен се крстам, има и крст. Но, најинтересно е што целото Европско првенство во Австрија, Шведска и Норвешка го одиграв во исти чорапи. Ги исправ само два-три пати. Тоа се тие ритуали за  кои не знам дали имаат некое посебно значење. Ние спортистите сме малку луди луѓе“, заврши Дувњак.