Целосно обележана хоризонталната сигнализација кај „Ист гејт мол“

750

Во рамките на ноќното обележување по барање на граѓани, а по налог на Град Скопје, екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ целосно ги обележаа пешачките премини на булеварот „АСНОМ“ со улица „Беласица“, на потегот кај „Ист гејт мол“.

Како што информираат од претпријатието, ноќното обележување се одвива тековно секоја вечер по однапред утврдената динамика од Град Скопје и со ист интензитет екипите продолжуваат да работат и во наредниот период на останатите градски сообраќајници.