Целиот живот го остави во рацете на својот брат, затоа заврши и во затвор

265

Кога во 2005 година, Роналдињо по втор пат ја освои наградата на ФИФА за најдобар фудбалер, на ум имаше само една личност. „Тој е мојот идол“, изјави популарниот Дињо за својот брат Роберто, кој е далеку попознат како Асис.

  • Помина низ многу работи и ми помогна при секој чекор. Ме охрабри, ми кажа никогаш да не престанам со обидите, изјави Бразилецот.

Петнаесет години подоцна, Роналдињо и Асис повторно беа главна тема во медиумите, но не поради фудбалската магија на помалиот брат, туку поради глупоста на постариот брат. Поранешниот фудбалер на Барселона мораше својот 40-роденден да го прослави зад решетки во парагвајскиот затвор. Двајцата беа уапсени поради користење на лажни парагвајски пасоши.

Апсењето на двајцата беше само уште еден детал од животот на Роналдињо кој е полн со најразлични правни битки, разговори околу банкротот и бројни очајни шеми за заработка на милионски суми.

  • Асис се грижи за бизнис потезите на Роналдињо, се грижи да биде таму каде што треба да биде и тоа го прави во секој момент. Роналдињо безусловно му верува, до таа мера да биде пресреќен што му го има препуштено и делот од своето постооње. Еднашка го следев Дињо за време на новинарскиот излет во Мексико и ја следев нивната интеракција. Нема да претерам ако го опишам Асис како господар на куклата. Да не беше таму, Роналдињо немаше да го најде патот до појадокот, а не па да се слика и да биде дел од средбата која беше организирана за него, напиша Џек Ланг во текстот кој беше објавен во „The Athletic“.

Како поранешен професионален фудбалер, Асис сигурно размислувал дека и самиот можел да ја освои наградата на ФИФА доколку работите биле сосема поинакви. Грешки и несреќата го спречија во таквиот обид, но истите беа еден вид на лекција за Роналдињо

Фамилијата на Дињо побегна од дрвената куќа, која беше лоцирана во фавелата во Порто Алегре, благодарение на талентот на Асис. Со 11 години, постариот брат на Дињо го облече дресот на Гремио, а неколку години подоцна беше споредуван со легендарниот Диего Армандо Марадона.

Со 16 години го привлече вниманието на челниците на калчолигашот Торино, кои се обидоа да го „украдат“ пред да потпише професионален договор со Гремио. Асис требаше да замине на двонеделна проба во Торино, но челниците на Гремио му понудија неморален договор, раскошна куќа со базен. Асис остана и неговата фамилија се пресели во новата куќа.

Три години по ред беше шампион на Гремио, а беше и најдобар стрелец на јужноамериканскиот шампионат за фудбалери до 20 години. Со таков успех можат да се пофалат Адријано, Единсон Кавани и Неимар.

Во 1989 година, неколку дена пред Асис да наполни 18 години, а Роналдињо 9, нивниот татко, Жоао, беше пронајден без свест во базенот. Медицинскиот тим потврди дека станува збор за срцев удар, а неколку дена подоцна, Жоао почина.

Две години подоцна доживеа тешка повреда поради која мораше да паузира осум месеци и не беше дел од репрезентацијата на Бразил која настапи на ОИ во Барселона. После повредата ја прифати понудата на швајцарски Сион.

Со Сион во 1995 година го освои трофејот во Купот на Швајцарија, а неколку месеци подоцна направи трансфер во редовите на Спортинг од Лисабон. После неуспешната авантура во Португалија, Асис се врати во Бразил, како позајмен играч во дресот на Васко де Гама.

Во следните неколку години го носеше дресот на Естрел да Амадора, Консадеоле Сапоро, Гвадалахара и Коринтијанс. Кога наполни 29 години ги засили редовите на Монпеље, а француските медиуми за него напишаа: „Поранешна ѕвезда на бразилскиот фудбал“.

Уште како фудбалер го советуваше својот брат за време на преговорите и договорите, а беше клучен во контроверзниот договор со кој Роналдињо заврши во редовите на ПСЖ, а Гремио остана без ниту едно евро. Во име на Роналдињо ја одби понудата на холандскиот гигант ПСВ и тоа со образложение дека не сака неговиот брат да ја повтори неговата грешка со трансферот во Сион.

Со 30 години, Асис стави крај на својата фудбалска кариера и целосно се фокусира на својот брат како агент и ментор. Таквата соработка беше и во добро и во зло, а дека е така најдобро покажува фактот дека двајцата завршија во куќен притвор, односно во парагвајскиот хотел.

  • Целиот живот го остави во рацете на својот брат. Како тоа да се сфати? Беше тоа глупост која тешко можеше да биде прифатена, изјави поранешниот бразилски напаѓач Валтер Касагранде во интервјуто за Глобо Еспорте. Таквата критика е јасна како ден затоа што Асис можеше да игра покрај Касагранде во Торино ако донесеше поинаква одлука.

Сепак, Касагранде не треба да бара некакво посебно објаснување, доволно е да го прочита твитот на Роналдињо од 10. јануари 2020 година. Во твитот Дињо убаво објаснува што чувствува кон постариот брат и дека го сака додека му го честита роденденот. Највпечатливи се зборовите кои го користи за да го опише својот брат Асис: „Брат, татко, партнер“.

Во идеалниот свет, можеби Асис требаше да биде само „фудбалер“ и ништо повеќе.