Целиот аеродром во Тел Авив во неверување:Родители го оставиле бебето без билет, а тие влегле во авион за Брисел

520

Родителите го оставиле своето бебе кое немало авионска карта на пријавувањето на аеродромот во Тел Авив, Израел и се упатиле кон авионот. По реакцијата на персоналот и обезбедувањето, бебето им е вратено на родителите, односно тие на детето, јави Си-Ен-Ен.

Двојката со бебето, кој не е идентификувана, се пријавувала за летот на Рајанер од Тел Авив за Брисел. Во таа прилика се покажало дека бебето нема авионски билет, што не ги спречило родителите да се качат во авионот, оставајќи го своето дете на шалтерот.

Персоналот повика полиција, изјави портпаролот на Ryanair за CNN.

„Овие патници, кои патуваа од Тел Авив за Брисел на 31 јануари, се појавија на шалтерот за пријавување без резервација за своето бебе. Без разлика, тие продолжија кон обезбедувањето, оставајќи го детето зад себе“, рече портпаролот.

Тој додаде дека агентот за чекирање контактирал со обезбедувањето на аеродромот, кое ги вратило патниците, а случајот бил проследен во полиција.

Според информациите на веб-страницата на Ryanair, бебињата мора да бидат чекирани пред летот за време на процесот на онлајн чекирање. Оваа нискобуџетна авиокомпанија наплаќа 25 евра за бебе да седне во скутот на родителот во еден правец, а втората стапка е ако детето остане на безбедно седиште, таканаречено јајце.

Од израелскиот аеродром за Си-Ен-Ен потврдија дека инцидентот се случил.

„Двојка и бебе со белгиски пасоши пристигнаа на Терминал 1 без билет за детето. Двојката исто така доцнела на летот, а пријавувањето веќе било затворено. Родителите го оставија транспортерот со детето и се упатија кон безбедносниот контролен пункт на Терминал 1 за да се качат на летот“, рекоа од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.

Портпаролот на израелската полиција изјави за Си-Ен-Ен дека случајот е решен до пристигнувањето на полицијата на аеродромот.

„Бебето е со родителите и нема дополнителна истрага“, изјави портпаролот.