Никој не можеше да замсли да го гледа во друг дрес, освен во оној на ППД Загреб и хрватската ракометна репрезентација. Станува збор за Златко Хорват, човекот кој ги одбележа последните две децении во хрварскиот ракометен шампион Загреб и хрватската ракометна репрезентација, а летоска им приреди шок на навивачите кога на 36 – години одлучи да го напушти Загреб и да потпише за поранешниот македонски шампион Металург.

-Повторно би го направил истото, без размислување, изјави Хорват за хрватскиот портал „24 часа“ кој пренесува дел од интервју на ракометарот Златко Хорват дадено за www.24rakomet.mk.

-Многу ми е добро тука. Имам едногодишен договор, но може да останам и подолго. Малку луѓе знаеја дека можам да си заминам од Загреб, дури ни во Металург не знаеја, но тука во клубот и покрај коронавирусот останаа упорни и конкретни. Во Загреб секогаш имав се и искрено не ни сакав да си заминам и само некој луда понуда можеше да ме одвлече. Можеби жалам што во Загреб не ја завршив кариерата и се да биде како вистинска бајка. Но требаше да променам нешто и ова беше последниот воз за да заминам во странство, откри Хорват.

Десното крило се уште игра 60. минути без проблем, на што беше навикнат од Загреб и добар дел во репрезентацијата во која сега повторно има помош од Иван Чушиќ. Но не е навикнат на долги патувања со автобус како што патуваше со Металург од Скопје до Леон во Шпанија.

-Да, никогаш претходно се немам возено во автобус, ха-ха

На Загреб не ми иде?

-Не играат толку лошо, малку им недостасува среќа. Тредбаше да го побердат Вардар во полуфиналето од СЕХА лигата. А заправо титулата во ова натпреварување со Загреб ја осовив во Скопје во 2013 година и се уште ми е најдрага. Единствено што ми е жал што не го остварив својот сон, освојување на Лигата на шампионите. Неколку пати имавме шанса, имавме добар тим, но трипати загубивме во четвртфиналето од клуб кој подоцна стана европски шампион, откри Хорват и потоа се присети на својот најтежок момент во кариерат.

-Промашениот седмерец пртоив Норвешка во полуфиналето на СП 2017. Целе Хрватска ме препознава по тоа, ха, ха. Но, добро испадна, станав популарен. Кога ќе се опростам од репрезентацијата? Не знам, сега имаме СП, па ќе видиме, потоа селдат Олимписките игри и можеби тоа ќе биде моето последно големо натпреварување. Но се уште не можам да кажам ништо конкретно, заврши хрватскиот интернационалец.