Целата регионална музичка елита на „Влез“ во Белград

180

Најголемите балкански музички ѕвезди од 11 до 13 јули ќе се соберат на Белградскиот саем каде ќе се одржи првиот фестивал на популарна музика – „Влез“. Посетителите ќе имаат можност овие три дена да уживаат во над 45 концерти на три тематски бини „Влез“, „Корени“ и „ИДЈТВ“.

Така на бината „Влез“ ќе може да се види настапот на Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Александра Пријовиќ, Саша Матиќ…

На бината „Корени“ (12 јули), пак, ќе биде застапена народната музика, а ќе настапат Ана Бекута, Харис Џиновиќ, Весна Змијанац, Звонко Богдан…

Рап и поп изведувачи пак, ќе бидат застапени на „ ИДЈТВ“ бината на 13 јули, па

на сцената раперите Цоби, Стефан Ѓуриќ – Раста, Николија, Реља Поповиќ, Сенида, Теодора Џехверовиќ…

За изведбите се подготвуваат и специјални кореографии, со многу танчари на сцена и ефекти.