ЦДЦ: Во САД од коронавирус се заразени над шест милиони лица

20

Бројот на заразени со коронавирусот во САД ја надмина бројката од шест милиони, откако Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска регистрираа 32.087 нови случаи, пренесуваат британските медиуми.

Вкупниот број на досега инфицирани изнесува точно 6.004.443.

Бројот на смртни случаи денеска се зголеми за 428, и во апсолутни  бројки сега изнесува 183.050.

Извор:МИА