Цветови од печена зелка со прелив од портокал, зачинети со ѕатар

183

Лесен, посен и неверојатно интересен начин да се ужива во зелка. Посебно задоволство ако е испечена во грил тава. За време на долгото печење, надворешните горни листови че потемнат, а одоздола ќе се открие растопувачки меко срце. Може да се послужи со пире или компир салата. Сепак, тајната во провокативниот стил на овие печени цветови од зелка е во нивниот мирис: ароматичен прелив и специфичниот зачин, ѕатар.

Потребно е:

  • 2 лажици ладно цедено маслиново масло, плус 1/4 чаша одвоено
  • ¼ шолја сок од портокал
  • 1 чешне лук, иситнето
  • 1 лажица иситнето кромитче
  • 1 лажица бел балзамик оцет
  • ½ лажиче сол
  • Црвен пипер
  • 1 лажица сусамово семе, тостирано1 лажица сумак

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Исчистената зелка, мала главичка, исечете ја на тркала и потоа наредете ги легнари хоризонтално на плех обложен со хартија за печење.

Испрскајте ја со двете лажици масло и печете ја полека, околу 2 часа. Во меѓувреме, изматете го преостанатото масло, сокот од портокал, лукот, кромитчето, оцетот, солта, шеќерот и црвениот пипер во мала чинија.

За да направите ѕатар, измешајте лешници, сусам и сумак и малку истолчете ги. Испрскајте ја зелката со преливот и наросете со ѕатар.