Цветкоски урна државен рекорд стар пет години

314

Иако има само петнаесет години неговото име стои покрај многу државни рекорди во кадетска конкуренција. Станува збор за Стефан Цветкоски, ученик во прва година, во гимназијата „Јоси Броз Тито“.

Стефан е член на пливачкиит клуб „Скопје“, а последното негово големо остварување го направи на Меѓународниот турнир „Гран при Зрењани“, од каде се врати со две сребрени медали.

Тој го урна пет години стариот кадетски рекорд во дисциплината 50 метри делфин, пливајќи време од 26.02 секунди. Претходно овој рекорд беше во сопственост на Иван Симоновски.