Цајо најавува градска ретро забава за оваа сабота: “We are Family” во “А1 Арена“!

677

Мајсторот на неповторливите и оригиналните урбани градски журки, феноменалниот Милорад Цајиќ-Цајо овој викенд на 23 ноември во “А1 Арена“ со почеток од 21 часот, ќе организира голема ретро забава или журка, што повеќе сакате, ама ќе биде исто – да се потсетиме на нашите најсакани хитови, да слушаме најомилена музика и секако сето тоа ќе ни го приредат исто така феноменалните градски ликови: Ди-џеј Вера Јанковиќ, Драган Б.Костиќ, Ди-џеј Дела, Ди-џеј Ерик Фокс. Околу 1.500 влезници по симболична цена од 300 денари се во продажба, а побарувачката е огромна. Цајо вели дека организацијата е напорна, но задоволството му е огромно. А, секако и дружењето со пријателите, колегите, соработниците, новинарите е нешто што не се заборава. Да му веруваме на Цајо. Тој е навистина махер за вакви забави на кои нема кој не доаѓа, а пред сè урбаните (скопски) ликови. Затоа оваа сабота резервирајте си ја за големата журка “”We are Family” во нашето убаво Скопје, во “Борис Трајковски“.  Д.М.