ЦАР и 14 вооружени групи постигнаа мировен договор

76

Централноафриканската република и 14 вооружени групи од таа земја денеска постигнаа мировен договор, соопштија Обединетите нации.

Преговорите започнаа во Судан, Картум, на 24 јануари.

Централноафриканската Република се наоѓа во хаос од 2013 година, кога муслиманските бунтовници на Селек го симнаа од власт претседателот, што доведе до судир со христијански паравоени формации.

Во конфликтот беа раселени повеќе од еден милион луѓе, а земјата е доведена до раб на глад.

Оваа година, околу 63 отсто од населението во Централна Африканска Република, или 2,9 милиони луѓе, ќе мораат да се потпрат на хуманитарна помош, укажуваат податоците на ОН.