Царовска: Ќе има санкции за компаниите, се испитуваат правните можности

105

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска потврди дека ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците.

Според Царовска, моментно се испитуваат сите правни можности.

-Платите итно треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје 1.

Царовска потсети дека вчера Генералниот секретаријат на Владата писменио злезе со официјален став околу направениот пропуст на компаниите. На веб страницата на Владата беше објавен и списокот со компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата поради пандемијата со КОВИД-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.