Неразбирливиот пад во играта на Хјустон и нивната елиминација во конференциското полуфинале од ЛА Лејкерс може да се поврзе со скандалот што се појави неодамна и кој очигледно го потресе овој тим.

Откриено е дека кошаркарот на оваа екипа, Дануел Хаус, ја поминал ноќта во хотелска соба со едно женско лице. Истрагата на властите откри дека Хаус се „дружел“ со докторка задолжена за тестирање на играчи на ковид-19 во Дизниленд.

Приказната за наводниот маратонски секс на кошаркарот и споменатата докторка со брзина на светлината се прошири во американските медиуми.