Фановите разочарани: „Хурикејн“ како девојки од бугарската видеопродукција

445

Секси-девојките од групата „Хурикејн“(Ивана, Ксенија и Сања), познати кај нас и по својата неодамнешна обработка на големиот хит на Есма Реџепова „Чае шукарие“, оваа година на „Песна на Евровизија“ патуваат со песната од нашиот Дарко Димитров.

На Димитров навистина му се посреќило, но не и на авторот на спотот за евровизиската „Локо-локо“. Дел од спотот кој веќе се врти, предизвикува доста негативни коментари кај многумина, чиј автор е на далеку познатиот Дејан Милиќевиќ.

На корисниците на „Твитер“ им се потребни 10 секунди за да проценат дали спотот ќе биде добар или не, а повеќето од коментарите се лоши.
„Тизерот за новиот спот на „Ураганки“ изгледа евтино. Мора да е бугарска продукција на Дејан Милиќевиќ, ма 100% е тоа! Слабо ја препознавам музиката, но го препознавам стилот на Дејан Милиќевиќ.

Секогаш има некоја доза на футуризам мешана со невкус… пишуваат хајтерите. На нив Милиќевиќ им возврати велејќи им да се погледнат во огледало!   Д.М. foto:FB