Хумус од авокадо

95

Кажано по нашки, хумусот е макало од наут. Вкусен и здрав намаз кој заситува, и одушевува со својот кремест, а освежувачки вкус. А, вака збогатен со авокадо, веќе е поинаква приказна.

Потребно е:

  • 300 г варени леблебии
  • 1 авкадо
  • малку свеж магдонос или коријандер
  • 2 лажици свежо исцеден сок од лимон
  • 5 лажици вода
  • половина лажичка сол
  • две-три чешниња кук
  • малку свежо сомелен црн пипер
  • печени семки од тиква

Приготвување:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте ја смесата додека да се добие креместа маса. Украсете со црн пипер и ливчиња магдонос.

Се приготвува многу брзо па можете веднаш да го послужите и за ненајавени гости, особено оние кои уживаа во здраво мезе, со пченкарни крекери. Или може да ви дојде добро како предјадење со свежа салата по ваш избор.