Хуманост на дело: Национална акција „Нахрани 10 000“ во девет градови

43

Голем број граѓански организации од целата држава на иницијатива на „Ајде Македонија“ денеска од 10 до 18 часот ќе спроведат национална хуманитарна акција „Нахрани 10 000“ за собирање храна. Станува збор за национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозени граѓани.

Како што информираат организаторите, целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна која ќе заврши во рацете на 10 000 социјално загрозени граѓани. Хуманитарниот чин ќе се одвива во девет градови низ државава: Скопје, Битола, Виница, Струмица, Неготино, Охрид , Струга , Прилеп и Берово.

– Хуманитарниот чин ќе се случи на 23 октомври кој ќе започне во 10 часот и ќе трае се до 18 часот. Учество во настанот ќе земат организациите: Свети Спас , Кризен ’’Центар Надеж“, ХОПС , Здружение на пензионери Ѓорле Петров, , Здружение на пензионери Чаир, Здружение на пензионери Кисела Вода, Здружение на пензионери Гази Баба , Здружение на пензионери Битола , Организација на Жени – Скопје , Доверба , Умиление, Вера , Утешител и Порака Неготино, се наведува во соопштението.

Во апелот од организаторите се препорачува сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.