Хумана иницијатива во соседството за поздрав:Девојки им подаруваат фустани на матурантки кои не можат да ги купат

148

Иницијативата „Сестри по фустан“ им подарува матурски фустани на девојки во Србија кои не можат да си ги дозволат, а би сакале да ги имаат сите услови да одат на матура.

„Во моментов повеќе девојки ги донираат своите фустани, а досега за седум дена дониравме 20 фустани“, изјави за српски Данас модната активистка Јелена Бољевиќ, која ја покрена иницијативата.

Авторките на иницијативата велат дека се свесни за важноста на големите и малите матурски испити и можеби најубавите настани во тие години.

Тие велат дека собрале повеќе од 100 фустани кои сакаат да им ги подарат на матурантите.

Интересно е што на иницијативата се приклучиле и оние кои не живеат во Србија.

„Токму денес добивме донација од Дубаи. Стилистката Јелена Данчетовиќ, која поседува бутик за користена облека ShotRetold, донираше 50 фустани за нашите матурантки“, изјави модната активистка Јелена Бољевиќ за Данас.

 

Оваа иницијатива е целосно непрофитна и е иницирана од девојки кои преку ваквиот хуманитарен гест сакаат да придонесат за намалување на текстилниот отпад и зачувување на животната средина.