Хумана акција на пејачите од Македонија и македонското друштво од Швајцарија: Собрани 11 илјади франци за лекување на десет лица во Македонија

163

Членовите на Македонското друштво “ Пирок“ од Швајцарија минатиот викенд собраа над 11 илјади швајцарски франци на хуманитарната забава посветена за собирање донации за лекување на десет лица од Македонија. Особена благодарност изразија до Македонка Георгиева, Ванга Јанева, Кети Јанев и Вилма Јованова кои беа задолжени за хуманитарната продажба на слатки од вредните домаќинки кои ги донесоа на забавата. Освен од самата Швајцарија на забавата допатувале и Македонци од Германија, Франција, Словенија, Италија, Луксембург и Белгија, а вечерта пред сите за срце и душа пееле и музицирале:

Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Дамјан Стојановски, Ферус Мустафов, група Болеро со Кико, Антонија Гиговска, Ален Хасановиќ, Јане Крстев, Орхан и Анил. Како што информираат од Македонското друштво “Пирок“ собраните парични средства ќе се поделат на: Михаела Петрова од Куклиш, Никола Новоселски од Муртино, Ирена Танчева од Самоуилово, Томе Јанев од Струмица, Симона Хаџи-Тошева од Штип, Јане Николов од Зрновци, Лидија Ристевска од Битола, Михаил Митевски од Охрид, Огнен Стојков од Свети Николе и на Љупчо Бојановиќ од Звегор Делчевско, кои сите поединечно ќе добијат по 1100 швајцарски франци…..