Хулкенберг ќе има совршени резултати со Мерцедес и Ферари

68

Минатогодишниот пилот на Рено, Карлос Саинц, смета дека Нико Хулкенберг би победил веднаш на Формула 1 трка доколку вози за некој од водечките тимови.

Нико беше најдобар возач надвор од топ три екипите во 2018 година, заврши на 7 – мото место во шампионатот зад возачите на Мерцедес, Ферари и Ред Бул. Сепак, Германецот се уште е возач со најголем број трки без да се качи на подиум, одноно има извозено вкупно 156 без да се качи на подиумот.

Саинц, кој му беше колега на Нико на последните четири трки од 2017 година и цела 2018 година, иксажа пофални зборови за него.

  • Годината кога дојдов во Рено, Нико веќе имаше силна сезона. Го видов како вози на највисоко ниво и таков е години наназад. За мене тој е еден од оние возачи на кои може да им дадете Мерцедес, Ферари или Ред Бул и веднаш ќе извојува победа. За жал останатите не го гледаат тоа, па не може да дојде до тоа, односно Формула 1 не работи на тој принцип. Од него имам научено многу, а тоа ќе го презентирам во болидот на Мекларен. Мило ми е што делев тим со еден од најталентираните возачи во моментов, истакна Саинц.

На Нико сезонава ќе му треба огромен напредок од Рено за да се стигнат трите водечки екипи од серијата и конечно да заврши на подиум. Французите се задоволни од резултатите кои ги постигнаа лани, но се незадоволни од заостатокот во однос на топ 3 екипите.

  • Се надевам дека ќе го намалат заостатокот затоа што тоа значи дека ќе го подобрат моторот и во тимот за кој ќе возам сезонава, тимот на Мекларен. Им посакувам се најдобро во новата сезона, додаде Саинц.