Германецот Нико Хилкенберг стана резервен возач на тимот на Астон Мартин во Формула 1 шампионатот. Хилкенберг извозе три трки за тимот минатата сезона, кој тогаш се викаше Рејсинг поинт, кога возачите Серхио Перез и Ленс Строл имаа коронавирус.

  • Тимот знае дека може да се потпре на мене, дека ќе скокнам во болидот и ќе завршам одлична работа. И јас сум целосно подготвен за тој предизвик, истакна Хилкенберг, а пренесе „Би-Би-Си“.

Инаку, оваа сезона за Астон Мартин возат четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел и Ленс Строл.