„Хуавеј“ во следните пет години ќе вложи 1,5 милијарди долари во развој

190

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ на годинашниот „Huawei Connect 2020“, што се одржува онлајн, за следните пет години најави инвестиции од 1,5 милијарди долари во развој, како и во програми за поддршка на 1,8 милиона програмери.

Компанијата соопшти дека се подготвени пакети за развој за повеќе од 1,8 милиони програмери со цел да се поддржи развојот на младите ИТ таленти, а воспоставена е соработка и со 72 универзитети од оваа област за почнување интелигентна фондација.

Ако се направи некаква паралела со состојбата од пред четири години ќе се види дека во 2016 година само 25.000 програмери работеле врз „клауд“ и компјутерските технологии, а денеска оваа бројка е зголемена на 1,8 милиони, или 70 пати повеќе. с