Цел Балкан е во шок поради апсењето на 36-годишниот професионален боксер од Сплит поради 250 грама кокаин! Станува збор за неименуван боксер, кој беше фатен со четвртина килограм кокаин, а уште потрагично е тоа што бил ослободен веднаш по апсењето, но притоа морал да пријави се што има во полиција.

  • Тој не заврши зад решетки бидејќи призна дека чувал кокаин за лични потреби и за продажба, пишува „Слободна Далмација“.

Кокаинот бил поделен во две пакувања, од 25 грама и 213 грама. Кај него бил пронајден едниот пакет, а другиот при претресот, но по завршување на кривичната истрага, пријавен е за неовластено производство и трговија со дрога.

  • Кокаинот е мој и го чувам на продажба бидејќи влегов во лоша финансиска ситуација, но и за лична употреба. Земам пет грама дневно, изјавил боксерот во своја одбрана, а неофицијално дознава „Слободна Далмација“.

Боксерот изјавил дека има месечен приход од 15.000 куни и може да си дозволи да купи толкава количина кокаин. Тој ги призна сите наводи од кривичната пријава, а претходно не бил пријавен за продавање, ниту пак бил осуден. Но, поради ова кривично дело мора еднаш неделно да се појавува во полиција.

Како што пишуваат тамошните медиуми, тој е спаринг партнер на меѓународно признат боксер и настапува главно надвор од Хрватска, а иако е професионален боксер, во моментов не работи како тренер во ниту еден клуб со деца и младинци.