Ракометната репрезентација на Романија може да добие големо засилување затоа што се водат преговори за натурализација на еден хрватски ракометар.

Станува збор за Анте Кудуз (27), кој во иднина би можел да ја засили бековската линија на тимот на Чави Пасквал. Поранешниот ракометар на Вардар, а сегашен член на Динамо Букурешт, ќе добие романски пасош за да игра во домашното првенство и може да заигра и за националниот тим. Левиот бек беше на списокот на Хрватска за ЕП 2020, но не доби шанса за настап и ниту Лино Червар, ниту Хрвоје Хорват не го повикаа. Анте Кудуз, покрај за Вардар и Динамо Букурешт, во професионалната кариера играше и за Вараждин и Винтертур.