Откако светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, го победи големиот ривал Марин Чилиќ за израмнување на 1:1 во полуфиналниот дуел, во Дејвис Купот меѓу Србија и Хрватска, мораше да се решава со меч во двојки.

На теренот во Мадрид силите во двојки ги одмерија Новак Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ, против Никола Мектиќ и Мате Павиќ. На овој дуел победи хрватската двојка со 7:5 и 6:1 и се пласираше во полудиналето со вкупни 2:1 во победи.

Во борбата за Дејвис Куп трофејот, Хрватска ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Германија и Русија. Овој дуел ќе се игра утрње од 13. часот