Кошаркарската репрезентација на Хрватска има нов селектор. Станува збор за Дамир Мулаомеровиќ кој дојде на местото на Вељко Мршиќ кој доби отказ викендов.

Новиот селектор Мулаомеровиќ е поранешен хрватски репрезентативец и поранешен селектор на селекциите на Босна и Херцеговина и на Косово. Мулаомеровиќ во февруари 2022 година беше избран за помошник селектор и тесно соработуваше со својот претходник Мршиќ во стручниот штаб на хрватската репрезентација. Во својата долга кошаркарска кариера, Мулаомеровиќ има една титула во Евролигата, која ја освои во сезоната 2001/2002 со атински Панатинаикос.