Хрватска, Германија и Холандија си завршија работа

126
Soccer Football - Euro 2020 Qualifier - Group E - Croatia v Slovakia - HNK Rijeka Stadium, Rijeka, Croatia - November 16, 2019 Croatia's Bruno Petkovic celebrates scoring their second goal REUTERS/Antonio Bronic

Репрезентациите на Германија, Холандија, Хрватска и Австрија  и математички обезбедија пласман на ЕП 2020. Во групата „Ц“, Германија ја совлада Белорусија со 4:0 и тоа со двата погодока на Тони Крос, а во листата на стрелци се запишаа  и Матијас Гинтер и Леон Горецка. Во истата група, без погодоци заврши дуелот помеѓу селекциите на Северна Ирска и Холандија.

Бундестимот на тој начин се квалификуваше на завршницата од ЕП по рекорден 13-ти пат, додека „портокаловите“ се вратија на еден голем собир за првпат од СП во 2014 година во Бразил. Во групата „Е“, Хрватска ја совлада Словачка со 3:1 на домашен терен. На другиот натпревар од истата група, Велс оствари победа со 2:0 над Азербејџан и со триумф над Унгарија во последното коло ќе го осигура второто место кое води на завршниот турнир.