Хрватите се плашат од раст на ратите на кредитите за 20 отсто

119

Се поголемите поскапувања и ударот на џебот на граѓаните во последните денови сериозно ја потресе хрватската јавност, а со овие прашања посебно се занимаваа пратениците во Собранието.

Имено, првичната причина за дискусијата беше изјавата на гувернерот на Хрватската народна банка Борис Вујчиќ дека ратите на кредитите на граѓаните со долгорочни заеми одобрени со променливи каматни стапки може да се зголемат од 10 до 20 проценти.

Сепак, како што објасни, тоа е малку веројатно сценарио.

„Во моментов, малку е веројатно дека ратите на кредитите ќе се зголемат за 10 до 20 проценти, но луѓето треба да бидат свесни за тој ризик, особено во ситуација кога стапката на инфлација е зголемена и доколку би била присутна подолго и би продолжила да расте. Се наоѓаме во ситуација со историски најниски каматни стапки“, подоцна ја објасни Вујачиќ својата првобитна изјава.